Жестоки реакции во јавноста по прекумерната сила која вечерва ја употреби полицијата против демонстрантите пред Собранието, кои протестираа против Договорот со Грција за промена на името.
Полицијата со солзавец, шок-бомби и гумени куршуми ги растера протестирачите од пред Собранието.
Универзитетската професорка Тања Каракамишева вели дека режимот си го покажува лицето, додавајќи дека диктатори ставиле демократски маски.
-Ајдеее, режимот си го покажува лицето на дело! Диктатори ставиле демократски маски и мислат дека се им се може, напиша Каракмишева на Фејсбук.