сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Каракамишева: Скандалозно е признавањето на претседателот на Уставниот суд дека повеќе од 30 закони се донесени спротивно на уставната постапка

Каракамишева: Скандалозно е признавањето на претседателот на Уставниот суд дека повеќе од 30 закони се донесени спротивно на уставната постапка

Универзитетскиот професор Тања Каракамишева Јовановска на својот Фејсбук профил сподели статус во кои пишува дека претседателот на Уставниот суд директно признал во изјава на Телма ТВ дека повеќе од 30 закони се донесени спротивно на уставната, законската и деловничката постапка.

-Претседателот на Уставниот суд имаше директно признание во изјавата на Телма ТВ дека повеќе од 30 закони се донесени спротивно на уставната, законската и деловничката постапка и НИКОЈ не кажа чекајте бре луѓе ОВА Е СКАНДАЛ!
Судот да ги укине сите тие закони по службена должност!, стои во нејзиниот пост на Фејсбук.

Претседателот на Уставниот суд имаше директно признание во изјавата на Телма ТВ дека повеќе од 30 закони се донесени…

Gepostet von Тања Каракамишева am Samstag, 16. Mai 2020

 

Најнови вести