Богданов ги потцени сите граѓани што нема да гласаат на референдумот, смета професорката Татјана Каракамишева, по изјавата на Костадин Богданов дека на референдум ќе излезеле членовите од урбаните средини и поголемите градови.
-Демек урбаните на една, руралците на друга страна, а?! Ееее Богданове, ееее квази дилбере, ум не ви доаѓа во таа “реформаторска” група и тоа е. Урбаноста и руралноста не се одредува според квантитетот на полтронство и лигавење пред странците, туку според ИНТЕГРИТЕТОТ И ДОСТОИНСТВОТО НА ЧОВЕКОТ! Видете сега во која група припаѓате вие, му порача професорката Каракамишева на Богданов.