петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Касами: Оливер Спасовски да објасни како се случи бегството, ќе бараме одговорност од него

Касами: Оливер Спасовски да објасни како се случи бегството, ќе бараме одговорност од него

Лидерот на Беса, Биљал Касами во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 посочи дека министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски треба да објасни како се случило бегството на екс директорот на УБК, Сашо Мијалков.

Тој порача дека ќе побараат одговорност од Спасовски.

-Најдиректна одговорност треба да побараме од Министерот за внатрешни работи. Тој е избран во Собрание и таму треба да објасни. Прашуваме каде е човекот, каде е Мијалков, како побегнал, кој му помогнал?. Тоа треба да го одговори Министерот за внатрешни работи, вели Касами.

Лидерот на Беса изјави дека доколку нема одговор на овие прашања, ќе се бара политичка одговорнот.

-Ако не успее да даде одговор на овие прашања, тогаш ќе бараме политичка одговорност. Ние политичка одговорност не можеме да побараме од обвинителството, само од Министерот за внатрешни работи, додава Касами.

Истакнува дека ќе почекаат неколку дена да се разјасни ситуацијата и ќе бараат од Спасовски да одговори во Собрание.

 

Најнови вести