Лидерот на БЕСА, Билал Касами, во полиција пријави дека еден пратеник од македонското Собрание е исчезнат, дознава КУРИР.
Тој денес јавно го искажа ставот на Беса дека случувањата со пратеникот Кастриот Реџепи покажуваат дека оваа власт е подготвена на се за да остане во своите фотелји.
-Се додека тој не излезе дека овој став е негов и тоа е доброволно, јас како прв човек на Беса можам да се сомневам дека тој против својата волја го има декларирано тоа што го има декларирано и не може да дојде во Собрание да ја искаже својата политичка позиција. Од вчера не сме контактирале со него, истакна Касами.
КУРИР побара став од МВР дали има пријава за исчезнат пратеник. Штом добиеме одговор од таму, ќе го споделиме со нашите читатели.