Укинувањето на формулацијата „20%„ од Уставот кое се однесува на Албанците, од барање може да стане услов – изјави во Клик Плус, претседателот на Движење Беса, Билал Касами.
Касами вели дека доколку како опозиција ги подржат уставните измени за внесување на Бугарите во Устав, треба да има и поддршка за укинување на 20%, пренесува TV21.mk.
Оценуваме дека нашите аргументи за укинувањето на 20% се исто толку силни како и аргументите за внесувањето на бугарската заедница. Така да ако има такво разбирање од нас како опозиција да ги поддржиме уставните измени со внесувањето на бугарската заедница во Уставот, очекуваме од друга страна иста таква поддршка и од албанските партии и од македонските партии што евентуално ќе се дефинира 20%, што е понижувачки за Албанците, треба да се избрише од Уставот и да се замени со албански јазик.“, рече Касами.
За отстранување на 20% и воспоставување на албанскиот јазик како службен, неодамна беше ангажирана и Oгнената група. Инаку, и Торбешите испратија и официјално барање до Владата за и тие да бидат составен дел од преамбулата.
За ова во последно време зборуваа сите албански политички партии и сите се изјаснија дека се за укинување на 20% иако од ДУИ, велат дека предност има внесувањето на Бугарите во Устав бидејќи ако има многу други барања, македонската опозиција ќе добие алиби за да не даде поддршка.
„Секако дека ќе дојде моментот кога ќе се избришат тие 20% бидејќи сега веќе имаме доволно зрело време за точна формулација на Албанскиот јазик. Дали сега е вистинското време, тоа ќе треба да го оценат лидерите на политичките партии или ќе им создадеме алиби плус на опозицијата за да не ги поддржува уставните измени. Ние, само дел од владејачката коалиција, ги немаме бројките за уставните измени без поддршка од пратениците од опозицијата.“, вели Османи.