На учениците од основните училишта во Тетово им фалат 35.000 книги, вели градоначалникот на Општина Тетово Билал Касами во вечерашното гостување во емисијата Анализа на ТВ 24.
Касами потенцираше дека не може власта да зборува за дигитализација се додека не им обезбеди книги на учениците, односно како што рече тој децата немаат книги за учење што им следуваат согласно законот, а не пак да им обезбедат компјутери или смарт таблети.
Значи додека ние не обезбедуваме книги кои сега се учебни помагала кои се закон се обврзани, ние не можеме да зборуваме за дигитализација, вели Касами.
Значи се додека децата немаат книга, не можеме да кажуваме дека ќе им обезбедиме компјутери или смарт таблети. Значи прво тоа што е по закон задолжително да се обезбеди, па потоа да одиме понатаму. Ние како општина сме спремни да најдеме начин како тие книги да ги обезбедиме, но за жал поради тоа што во многу делови на децентрализација општините имаат пренесени надлежности, а не изворни надлежности. Ние работиме тоа што ќе ни каже Министерството за образование, објасни Касами.