сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Касами: Власта нема кадри и решенија за проблемите на граѓаните, потребни се избори

Касами: Власта нема кадри и решенија за проблемите на граѓаните, потребни се избори

Биљал Касами, претседател на движењето БЕСА во вечерашното гостување во емисијата „Отворено“ на ТВ Алфа, истакна дека неговата политичка партија и за време на претседателските избори барала да се распишат предвремени парламентарни избори, но и сега инсистира на предвремени избори, бидејќи сегашната влада на СДСМ нема капацитет и кадар за да ги решава реалните проблеми со кои се соочуваат граѓаните.

-Ние и за време на претседателските избори баравме да има и предвремени парламентарни избори. И сега инсистираме на тоа дека најдобро решение за Македонија е да има предвремени избори затоа што и реконструкцијата на владата покажа дека оваа власт нема добри кадри, дека нема решенија за проблемите со кои се соочуваат граѓаните. Затоа мислиме дека изборите ќе бидат најдобро решение, затоа што ќе носат нови кадри, ќе носат нови политички елити кои ќе имаат потенцијал да се носат со проблемите на граѓаните, смета Касами.

Најнови вести