Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска во изјава за медиумите ќе информира за смената на енергенсот користен за загревање на касарните „Страшо Пинџур“ во Петровец и „Боро Менков“ во Куманово од мазут и нафта на природен гас, најави Министерството за одбрана (МО).
Со промената на начинот на загревање, потенцираат од МО, се влијае на зачувувањето на животната средина имајќи предвид дека природниот гас е поеколошки енергенс, додека истовремено се намалуваат средствата потребни за загревање на објектите во касарната.
На изјавата на Шекеринска ќе претходи средба со одговорните лица во Министерството и со претставници на компаниите кои се избрани на јавната набавка за реализација на промената на начинот на загревање на овие касарни.