петок, 22. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Кастриот Реџепи бил уценуван со аудио и видео материјали?

Кастриот Реџепи бил уценуван со аудио и видео материјали?

Видео и аудио материјали се дел од уцените и заканите изминатите денови му биле правени на Кастриот Реџепи, пратеникот на Беса кој вчера ги изневери опозициските пратеници и активистите на неговата партија. Некои од материјалите се дел од изборната кампањата за локалните избори во 2017 година кога Зекирија Ибрахими од Беса беше во трка со Висар Ганиу од ДУИ. Во тоа време шансите за победа на Движењето Беса во Чаир беа многу големи и неспорни, но внатрешното предавство беше главната причина за нивниот пораз. Тоа после стана причина за поделбата на Движењето Беса на два табора, од каде што беше создадена Алтернативата, пренесува syri.net.

Токму главниот протагонист на ова предавство е Кастриот Реџепи, кој работел тајно за Висар Ганиу и овие моменти се регистрирани со аудио и видео. Ваквата слика беше откриена некое време после изборите во 2017 година, каде се гледа Висар Ганиу на средба со подржувачите на Кастриот Реџепи, кој е дел од религиозна група (секта), кои неодамна создадоа верска организација наречена „селефистичка“.

Станува збор за гласачко тело од околу 2 илјади луѓе, од кои повеќето од нив се под контрола на Реџепи. Зад Висар Ганиу, во другата канцеларија од прозорецот се појавува Кастриот Реџепи со некој друг. Како што дознаваме од потврдени и добро упатени извори, токму некои членови на групите подржувачи на Изет Меџити му се заканиле на Кастриот Реџепи да не гласа за рушење на владата.

„Кастриот Реџепи беше главниот фактор кој ги расипа односите меѓу Билал Касами и Африм Гаши. Касами и Гаши се жртви на предавството на Реџепи во име на Али Ахмети“, вели нашиот извор близок до двете групи. Но, дали Кастриот Реџепи повторно ќе биде фактор кој ќе ја подели албанската опозиција и големата надеж на Албанците за рушење на ДУИ од власт? Одговорот ќе го дознаеме во наредните недели.

Најнови вести