Регистар на преземени недвижности наменети за продажба, односно имотите што се одземени поради долг, ќе биде промовиран денеска во Агенцијата за катстар на недвижности.
Новината за граѓаните и инвеститорите што се воведува во државава ќе ја претстави на прес-конференција директорот на Агенцијата за катастар на недвижности Борис Тунџев.
Законски услови за воспоставување и водење на овој регистар се создадени со последните измени и дополнувања на Законот за катастар на недвижности.