Поради нестручно и несовесно работење, Советот на јавни обвинители ја разреши Катица Јанева и од обвинител. Во петокот Советот ја разреши од специјален, а денеска и од обвинител воопшто. Помошниците на Јанева, како што објави САКАМДАКААЖАМ.МК, се враќаат од местата кај што дошле. Јанева е во притвор од 21 август, како осомничена за злоупотреба на службената положба и овластувања во случајот „Рекет“.