Полицијата по налог ЈО ја приведе специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.
Припадници на полицијата претходно извршија претрес во домот на Јанева во Скопје.
Наредната локација на која полицијата врши претрес е канцеларијата на Јанева во СЈО, по што ќе следи понатамошна судска постапка.
Останува нејасно дали сега почнува целата операција и дали ќе се стигне до мозоците на случајот односно Фрики, Кики, Шеки и другите лица раскажани со псевдоними.
Упатените коментираат дека сега случајот треба да добива расплет, а не со ова да се заврши.