понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

„Катимерини“: Постигнат е договор за името, опсегот на употреба и акронимите

„Катимерини“: Постигнат е договор за името, опсегот на употреба и акронимите

Во три поглавја, за името, опсегот на употреба и акронимите, според грчки „Катимерини“, постигнат е договор меѓу Скопје и Атина. Весникот коментира дека преговорите се претвораат во нерешлива загатка и покрај почетниот зголемен оптимизам од Атина, јавува дописникот на МИА од Атина.

Грчката влада, како што пишува „Катимерини“, сега се соочува и со опозициската Нова демократија, која бара промена на Уставот, но „Скопје, преку континуираните интервјуа на премиерот Заев, реагира на можноста за промена на Уставот“.

– Според информациите, како излез од ситуацијата, Атина во меѓународниот договор што ќе се потпише меѓу Атина и Скопје, ако во преговорите има напредок, ќе предложи да е вклучена и една едноставна заложба за измена на Уставот и за „некој вид започнување на соодветните процедури“. Според истите извори постигнат е договор за три поглавја во разговорите. Поконкретно за името, опсегот на употреба (ерга омнес) и за акронимите, пишува „Катимерини“.

Според весникот, и покрај потешкотиите што постојат, Ципрас е цврсто посветен на решавање на проблемот, иако знае дека постои опасност за можни проблеми во Владата поради ставот на Панос Каменос.

„Катимерини“ во текстот под наслов „Мините на патот на Ципрас“, ги анализира отворените прашања со кои грчкиот премиер треба да се справи во следниот период – економијата од една и прашањето за името од друга страна.

МИА

Најнови вести