Во „Само Вистина“ Дарко Каевски уште еднаш ја покажа лицемерноста на СДСМ. Тој говореше како СДСМ е принципиелна партија и нивните функционери не ги користат службените автомобили за партиски цели. Но сепак пред неколку дена по медиуми имаше слика како Едмонд Адеми на партиската дебата на СДСМ замина со службено возило во сопственост на Владата, во сопственост на нас граѓаните.
-Министерката да се откаже од нејзината плата, од нејзиниот шофер, од возилото патем кое иде на партиски состаноци. И го користи за партиски цели. Кај што дури и ДКСК јавно излезе и укажа дека не треба да се користат владините ресурси за партиски цели. Ние како СДСМ ги почитуваме сите тие принципи, а од друга страна имаме министерка која што буквално го крши и буквално во најмала мера ги злоупотребува, нагласи Каевски.