сабота, 30. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Казаков до Заев и Адеми: Излезете на избори, па да видиме кого поддржува дијаспората!

Казаков до Заев и Адеми: Излезете на избори, па да видиме кого поддржува дијаспората!

Претседателот на Македонска заедница во Малта, Максимилијан Казаков, реагира за „смешната“ средба на премиерот Зоран Заев и министерот без ресор Едмонд Адеми со „анонимуси“ од дијаспората, „луѓе блиски до СДСМ за кои никој ни чул, ни знае“.

„И по кој знае кој пат истиот обид за МАНИПУЛАЦИЈА! Во текстот се вели Владата остварила средба со претставници од дијаспората од одредени држави. Бидејќи министерот Адеми, како и обично, од секаде го исшутираа по светот (македонските здруженија), Форумот за демократска Македонија, кој тој лично го инсталира, му пропадна (влијание 0 меѓу дијаспората), сега решиле да викаат АНОНИМУСИ (партиски ликови) на некаква си средба со цел да покажат дека дијаспората стои зад Владата и демек соработува со нив.
Е сега, драг министре Edmond Ademi (уништувач на дијаспората), ајде одговорете на неколку прашања за да биде сликата покристална:
– Кои здруженија ги претставуваат луѓето
– Дали здруженијата им се регистрирани во државите од кои доаѓаат или се фиктивни
– Зошто сите здруженија од дијаспората не се информирани за оваа средба
– По кој критериум одлучивте кој ќе биде на оваа средба
– Што имаат направено овие луѓе за македонската дијаспора (конкретни резултати)
– Дали директорот на Агенција за иселеништво си спроведува партиска политика, иако е одговорен за сите?!
– Подготвени ли сте да излезете со документи од здруженијата на овие ‘претставници’ и доказ дека сите здруженија се уредно поканети?
Да се разбереме, ова не е жалење што ние, дел од дијаспората со ЛЕГАЛНО формирани здруженија, не сме биле дел од оваа смешна средба. Ова е чисто информативно, да знае јавноста какви манипулации правите демек некоја дијаспора ве поддржува.
Ова се ваши луѓе (блиски до СДСМ) за кои ниту некој чул, ниту некој ги знае.
За најдобро да се потврди она што вие го претставувате, а јас го тврдам, е да излезете на #ИЗБОРИ, па да видиме кого точно поддржува дијаспората!
#МакедонијаВечна???? “, порача на Фејсбук првиот човек на организацијата што претставува 12.000 Македонци од Малта.

Најнови вести