среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ќе заседаваат ИО и ЦО на СДСМ, утре средба на Ковачевски со лидерите од владината коалиција

Ќе заседаваат ИО и ЦО на СДСМ, утре средба на Ковачевски со лидерите од владината коалиција

Премиерот Димитар Ковачевски утре во Клубот на пратениците ќе одржи средба со партнерите од владината коалиција, потврдија за МИА од Владата.

Станува збор за редовна средба за тековните активности и политички случувања.

Во пресрет на утрешната средба, како што информираат од СДСМ, вечер седници ќе одржат Централниот и Извршниот одбор на оваа партија.

Од Владата и од СДСМ дополнително ќе информираат за времето на седниците на ЦО и ИО и на средбата на премиерот со коалциските партнери.

Најнови вести