вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Кедев имплементира нови методи, а сега е вратен на позиција како пред 20-25 години

Кедев имплементира нови методи, а сега е вратен на позиција како пред 20-25 години

Кардиологот Сашко Кедев кој прв во светот имплементираше нова метода за спречување на мозочен удар, повеќе не е во тимот на кардиолози на клиниката.

-Сега сум вратен на позиција како пред 20-25 години. Сега сум обичен кардиолог-специјалист. Има нов директор, нов раководител, кои не се меѓу првите 5 интервентни кардиолози. Тоа Филипче го знае, но ништо не презема. Ќе биде тешко во иднина да објасни дека потпаднал под политички притисоци за назнаување на кадри, рече Кедев гостувајќи на телевизија Телма.

Кедев е загрижен за состојбите во интервентната кардиологија и дека поради негрижата таа може да прејде во доменот на приватното здравство.

-Клиниката за Кардиологија не е во состојба да гарантира безбедно лекување на пациентите, додаде Кедев.

По ова следеа реакции на социјалните мрежи.

-Др. Кедев и првиот тим интервентни хирурзи од Кардиологија целосно деградирани, со клиниката раководат луѓе кои не се во првите 5 стручњаци!, вели во својот статус на Фејсбук профилот потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

-Секој ден на раб на живот или смрт се во просек по 30 луѓе. Нивниот живот зависи од знаењето на овие доктори. Сето тоа според министерот е направено под притисок на семејството од врвот на Владата.
Јас не знам што мислат овие од СДСМ, дека никогаш нема да се разболат, дека никогаш нема да имаат мака? Па ако не за обичниот народ бар за себе нека мислат и нека ги стават најдобрите зашто ќе нема кој да ги лечи!, пишува Николовски.

Најнови вести