петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Кејт Мери Брнс заедно со сопругот во хуманитарна акција

Кејт Мери Брнс заедно со сопругот во хуманитарна акција

Американската амбасадорка во Македонија Кејт Мари Брнс донираше крв во рамките на традиционалната акција која 12 години се одржува во знак на сеќавање на жртвите на терористичките напади во САД во 2001.

Таа кажа дека медицинските сестри се во фокусот на одбележувањето на 19-годишнината од нападите врз Њујорк и Вашингтон, со што се оддава признание за нивната посветена и храбра работа во пандемијата на коронавирусот.

„Овој ден го посветуваме на медицинските сестри за нивната служба во 2020. Тие имаат клучна улога не само по терористички напади, во воени и кризни подрачја, туку, годинава, и во справувањето со пандемијата на ковид-19. Тие прават многу повеќе од давање медицинска помош“, кажа Брнс.

Амбасадата на САД и Црвен крст на Град Скопје првпат ја организираа оваа крводарителска акција во 2009 година. Таа почна денеска и ќе трае до следниот петок.

Најнови вести