Го спомнавте господинот, бизнисменот Дака кој има блиски врски со Русија. Тој и кажува дека еднаш бил, го спомнува Заев, го спомнува генералниот секретар, бил втор пат незадоволен дека ветувањата од првиот состанок, дека не е задоволен од ветеното, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на првата телевизиска дебата со претседателот на СДСМ, Зоран Заев што се емитуваше на телевизија 24.
Мицкоски додаде и дека од разговорите е јасно кој го носи Дака и кој со кого е поврзан.
-И тука се и Заев и Кичеец, тоа кажува дека ако Кичеец го носи Дака човек со руски врски кај Заев, се гледа за кого работи Кичеец, додава Мицкоски.