Како што известува Сител Телевизија, денес Зоран Милевски-Кичеец бил повикан во полициската станица Карпош заради објавениот разговор со контроверзниот црногорски бизнисмен Милорад Давидовиќ-Дака.
На Јутјуб каналот „Раце Лепливи“ беше објавена аудио бомба на која се слуша разговор помеѓу Зоран Милески Кичеец и црногорскиот бизнисмен Давидовиќ Дака. Во разговорот беа споменува актуелни функционери, генералниот секретар на Владата Драги Рашковски и поранешниот премиер и лидер на СДСМ, Зоран Заев.
Кичеец во овој разговор вели дека е пратен од Заев и инсистира на нова средба со премиерот, на што Дака возвраќа дека тој веќе дал 300 илјади евра и 200 метри квадратни, а работата која му била ветена како што вели Дака не била завршена, пренесува Сител.