петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Километарски колони за влез во Македонија, на Евзони се чека најмалку 30 минути

Километарски колони за влез во Македонија, на Евзони се чека најмалку 30 минути
архива

Најмалку 30 минути се чека на граничниот премин Евзони – Богородица, на грчка страна, за влез во Македонија. На преминот има километарска колона возила кои чекаат да влезат во земјава и да го продолжат патувањето, информираат за МИА македонски граѓани.

Од македонска страна, пак, на ГП Богородица, за влез и за излез од земјата се чека до 20 минути, информираат надлежните од граничниот премин.

На преминот од македонска страна во функција се ставени сите ленти, а граничните служби се потполно екипирани. Преминувањето на границата се одвива нормално, велат од ГП Богородица.

АМСМ информира дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, а сообраќајот се одвива по суви коловози. 

МИА

Најнови вести