Поранешниот генерален секретар на СДСМ, Александар Кирацовски во изјава за “Утрински брифинг” вели дека очекувал целосна оставка од актуелното раководство на партијата, пред се како што вели од солидарност кон лидерот Зоран Заев.
-Партијата треба да биде отоврена за нови личности кои ќе умеаат и сакаат да придонесат, но тоа треба да се заснова на принципиелност. Лидер од политички калибар не се создава преку ноќ. Таа личност треба да поседува, храброст, мудрост и визија. Заев со своите атрибути според мојата лична проценка е повеќе од 70 проценти од перцепцијата и персонификацијата за СДСМ, ќе биде тешко да се најде негова замена. Во однос на оставките очекував целосна оставка од раководството пред се од солидарност кон Заев. Иако лидерот условно кажано сам потенцираше дека се чувствува најодговорен за случувањата не е единствено одговорен, вели Кирацовски.