петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Китански: И покрај опструкциите од централната власт, макотрпно работиме да ја подобриме општината

Китански: И покрај опструкциите од централната власт, макотрпно работиме да ја подобриме општината

Градоначалникот на општина Пехчево, Александар Китански пред почетокот на денешната трибина „Политики за развој на инфраструктурата“ во Делчево истакна дека општината како и целиот источен крај се соочуваат со инфраструктурни проблеми, кои се незамисливи во 21 век но и проблем кој ги одвраќа инвеститорите. Како што додаде општината сега прави напори овој проблем да се надмине и на тоа се работи макотрпно.

– Во овие година и половина макотрпно работиме со општинскиот тим да ја подобриме инфраструктурата во нашата општина и во целиот регион. Жално е во 21 век ние да зборуваме за инфраструктурни прашања. Имаме села, во мојата општина каде уште газат во кал и се работи тоа да се санира. Младите се селат во западните земји, а ние зборуваме за инфраструктура, без која не доаѓаат ни инвеститори, рече Китански.

Тој посочи дека се работи на спремање на документација за реализација за решавање на инфраструктурните проекти за подобрување на состојбата во бројни населени места и покрај тоа што централната власт проектите ги одбива.

Беше и поднесен амандман од пратеникот Драган Ковачки да се реконструира патот кои ни ги поврзува селата Чифлик, Умлена, Робово и предлогот беше одбиен. Централната власт имаше и градоначалник од нивните редови и не го направија. Ние притискаме да се направи. За Пехчево, за поврзување на локалните патишта ни се потребни некаде околу 46 милиони денари, тоа е проблем за државата да се дадат пари за источниот регион додека се зборува за автопатишта. Со парите од еден километар за Бехтел и Енка во мојата општина ќе се реши целиот проблем на инфраструктура, истакна Китански.

Како дел од реализираните проекти тој го посочи таложникот кој се поврзува со пречистителната станица за вода за пиење кој чекал 8 години да биде приклучен.

– Сега можам да кажам дека проектот е добиен за реконструкција на таложникот и поврзување со пречистителната станица. Имаме решено проблеми со инфраструктура, во село Црник имаме најмногу вложено како најголемо село во нашата општина, имаме изградено три улици, пред извесно време завршивме со реконструкција на резервоарот за вода за пиење. Се изврши реконструкција на пешачки улици во Пехчево. Речното корито на реката не беше исчистено со години, успеавме тоа да го направиме, истакна тој.

Китански нагласи дека во наредниот период и викенд населбата во Пехчево ќе биде гордост за целиот регион.

Најнови вести