Александар Китански, градоначалник на општина Пехчево во гостување во емисијата „Што не е јасно“ на телевизија Алфа рече дека покрај тоа што власта не помогнала за време на пожарите во летниот период, останала без слух и сега кога има поплави во овој крај, укажувајќи дека се соочуваат со сериозен проблем.
Пехчево, Малешевијата и Пијанецот беа зафатени од огромни пожари каде што актуелната власт остана нема и глува и не излезе во пресрет на населението, додека добивавме помош од странство. Значи истото се случи и сега каде пред неколку дена на изворишниот дел на река Брегалница имавме зголемување на водното ниво од подолго влијание на врнежи на дожд и се зголеми нивото на сите притоки и на река Брегалница каде што дојде до излевање на речното корито и нанесе огромни штети на инфраструктурата на Извидничкото место Равна река, изјави Китански.
Китански додаде дека сметката на општината е блокирана, а Пехчево нема доволни финансии за сама да се справи со ова, додавајќи дека уништена е патната инфраструктура, но може да дојде и до паѓање на асфалтниот пат, како и дека е уништена атмосферска, водоводна и фекална канализација.
Значи со сопствени сили и ресурси од општината, комуналното претпријатие и месното население се справивме со оваа проблематика. Ние како општина со ресурсите кои ги имаме успеваме да се санираат некои работи, но ние како општина која е презадолжена и со блокирана сметка и со мали финансии не можеме целата таа работи да ја средиме без државата. Но, државата останува без слух и никако не доаѓа да види што точно се случува, дали треба да се помогне. Значи имаме големи штети, уништена е патната инфраструктура значи може да дојде до паѓање на асфалтниот пат, однесена е атмосферска и водоводна канализација, фекална канализација. Значи имаме сериозен проблем, вели тој.