Ќе има ли К-15 оваа година ? Голем број работодавачи се пожалиле дека годинава имаат потешкотии да ја исполнат оваа законска обврска, велат од конфедерацијата на работодавачи. Најголем дел се од туризмот, угостителството , превозниците.
Иако за исплата на регресот се гледа добивката од ланската година, менаџерите велат дека тие средства веќе се потрошени затоа што годинава поради коронакризата многу од фирмите или не работеа или работеа со преполовен капацитет. Затоа сега имаат проблем со исплатата на регресот.
-Показателите кажуваат дека имаат потешкотии, но мора да им соопштаат на вработените. Сметките од ланската година е стопена народски кажано и може би ќе треба да најдат модус на заеднишко задоволство, од една страна фирмите да останат со пари за да моќат да работат, а од друга страна да ги исполнат очекувањата на вработените, рече за Сител, Миле Бошков претседател на конфедерација на работодавачи.
Според Бошков неисплаќањето на регресот сериозно ќе влијае на потрошувачката затоа што дел до домаќинствата ги чекаат и им значат овие пари.
Викендов премиерот Заев посочи дека фирмите со загуби немаат обврска да исплатата К-15, но сите кои можат да го сторат тоа.