Денеска истекува рокот на уредбата со која што на приредувачите на игри на среќа шест месеци имаа дадена можност од Владата да организираат онлајн-обложување во текот на корона-кризата. Обложувалниците велат дека денеска се гасат сервисите, а државата ризикува да изгуби стотици милиони денари. Ова право единствено и останува на Видеолотарија на Македонија.
– Клиентите веќе стекнаа навика да се обратат кај домашните лиценцирани приредувачи на интернет игри на среќа. Ако не се најде решение, ќе ја загубиме довербата кај играчите и кај странски сајтови ќе се губат до 50 милиони евра. Со носењето на уредбата пред шест месеци во меѓувреме од наша страна се направени инвестиции во софтвер, хардвер, маркетинг и човечки ресурси, што сега би биле залудно вложени средства, рече вчера Васко Илијевски, претседателот на Асоцијацијата на спортски обложувалници.
Тој ја повика Владата да најде правно решение за да се продолжи законски рокот. Заради тоа до Владата и до Министерството за финансии испратено е предлог-решение за имплементација во законот, за кое приредувачите на игри на среќа бараат итно да се донесе.
– Во ова обложување има и придовивки за здравјето, а од мај годинава до декември , од ова услуга се слеале околу 100 милиони денари во буџетот, додаде Илијевски.
Само шест месеци беше уредбата за онлајн-обложувањето, играчите ги стекнаа тие навики. Тоа беше само уште еден механизам за играчите, а бевме межу првите кои беа затворени, Бевме два месеци комплетно затворени.
Но ако сега се прекине и не се најде соодветно правно решение за продолжување на он-лајн обложувањето тоа ќе предизвика недоверба кај играчите и нивно повторно враќање кон нелегалното он-лајн обложување на странските сајтови. Играчите едноставно ќе бараат алтернатива, апелираат од АСОМ, а државата ќе нема контрола врз обложувањето. Парите за данокот, наместо во буџетот, ќе се одлеваат надвор од државата, според некои проценки станува збор за 40 до 50 милиони евра, средства кои се од значаен интерес за нашата домашна економија, одржувањето и отворањето на нови работни места и инвестиции.
„Немањето подзаконски акти значи дека никој не може да приредува интернет игри на среќа, па ни ДВЛМ бидејќи без овие акти никој неможе да ги добие потребните дозволи и лиценци за приредување на интернет игрите на среќа. И во периодот додека важеше Уредбата со законска сила за примена на Законот за игрите на среќа и забавните игри за време на вондредна состојба ДВЛМ работеше според постоечкиот закон и не ја применуваше Уредбата онака како што беше истата пропишана. Сето ова отвора сомневање за селективен пристап кон различни категории на приредувачи на игри на среќа и повластена положба на одредени субјекти во приредувањето на интернет игрите на среќа.“ – истакнуваат од АСОМ.