Ќе има ли живот за полицајците во ПС Стрезимир?, прашуваат од Синдикатот на полиција во Македонија- СПМ.
-Ова е објектот на ПС за ГП и ГН Стрезимир. Да, истиот објект кој Министерот Спасовски го посети и таму го отвори времениот граничен премин и каде тука пред шест месеци се ” отепаа” од сликање целото раководство на МВР. Во овој објект работат десетици наши колеги. Во овој објект…
➖Нема струја со месеци,
➖Нема дрва за огрев со години..
Полицајците се оставени на МИЛОСТ И НЕМИЛОСТ😡
Но затоа пак во овој објект наместиле ПАРНО А НАФТА НЕМА❗⚠️
Снег моментално околу 50см. Снегот сами го пробиваат колегите за да стасаат до своите работни места..
Па да те прашаме министре Oliver Spasovski кој го предводиш Министерство за внатрешни работи / Мinistria e Punëve të Brendshme ….
Што ќе ни се фарбани фасади ако полицајците СМРЗНУВААТ И СЕ БОРАТ ЗА ЖИВОТ⁉️⚠️
Зар во XXI век треба да зборуваме дека полицајци- наши колеги немаат простојни услови за ЖИВОТ❗❓
Денес доставуваме докази за тоа како полицискиот службеник “преживува” без огрев на температури до -10 С и како истиот се става во “служба” на Македонија пат и храбро се пробива низ снегот борејќи се да стаса до своето работно место.
На самиот крај… има ли некој воопшто (раководител- началник) да праша како им е на овие наши колеги⁉️
Има ли….ЗАСРАМЕТЕ СЕ, стои во соопштението од СПМ.