На социјалните мрежи денеска се појавија фотографии од под мостот Близнаци во општината Аеродром.
Имено таму корисниците на социјалните мрежи наишле на бабичка која буквално живее под мостот, но засега од непознати причини не се знае зошто никој не и помага.
-Место не ме држеше да не отидам кај луѓето. Ве молам споделувајте, МОЖЕБИ ќе им излезат институциите во пресрет ако сите реагираме. Околу жената имаше рој муви и неподнослива смрдеа… Најстрашниот хорор филм што сум го видела е ова. Локација наш Аеродром, мостот кај универзитетот ФОН, стои во апелот на социјалните мрежи.