Дирекција за технолошки индустриски развојни зони ќе набави пијалаци, кафе и апетисани во вредност од 10 илјади евра.
На страната на бирото за јавни набавки објавен е оглас на кои како договорен орган стои Дирекција за технолошки индустриски развојни зони, а чив предмет на договор е набавка на разни видови пијалаци, кафе и апетисани за потребите на Дирекцијата за ТИРЗ.
Како што може да се забележи во тендерската документација ќе се набавуваат по 25 килограми фстаци, лешници, бадеми и индиски ореви. Планирана е и набавка на по 20 килограми чоколадни бомбони од темно чоколадо со филови од мента, бадем и вишна.