Судијката Васка Николовска Масевска ги исклучи новинарите од денешното рочиште за „Рекет“, бидејќи во судот ќе се слушаат разговори со кои може да се наруши приватноста на осомничените или обвинетите.
Неофицијално, се работи за двочасовна снимка на приватен разговор помеѓу Бојан Јовановски и Зоран Милески Кичеец.