Македонското собрание испиша историја, а со тоа се отворија вратите за членство на земјата во ЕУ, напиша Ќучук.
Известувачот за Македонија, Илхан Ќучук, смета дека македонското собрание пишува историја денес за европска иднина на земјата.
Македонското собрание денес испиша историја за иднината на Македонија. Со 68 гласа „ЗА“ беше усвоен францускиот предлог, а со тоа конечно се отворија вратите за членство на земјата во Европска Унија. Време е да се оди напред! [🇪🇺] [🇲🇰] – напиша на Твитер известувачот за Македонија, европратеникот Илхан Ќучук, лидер на Европските Либерали, претставник на бугарската партија ДПС.