среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ќулавкова:Во државата има луѓе кои се подготвени да потпишат се и да ја доведат Македонија во опасност

Ќулавкова:Во државата има луѓе кои се подготвени да потпишат се и да ја доведат Македонија во опасност

Академик Катица Ќулавкова во своето гостување во емисијата „Што не е јасно“ зборуваше за тоа дека во Македонија има луѓе со низок интелектуален капацитет кои доминираат односно се подготвени на потпишат се и тоа ја доведува Македонија во опасност да се обезличи да не биде современа држава.

-Ние во Македонија имаме да луѓето со низок интелектуален капацитет имаат многу висока слика за себе си, имаат илузија дека се многу способни, дека знаат се, дека можат се. Стратегиите на меѓународната заедница подразбираат во сето тоа познавање на целата таа психологија и они тоа го користат и ние дури ќе добиевме Нобелова награда за одреден профил кој нереален и таквите профили во Македонија доминираат во политиката и се подготвени да потпишат се, секакви договори, да донесат секакви мерки кои штетните последици тие не се во состојба да ги проценат и согледат однапред, а не бараат некаква помош од науката. Доколку пак добијат мислења они тоа го отфрлаат или го игнорираат или фингираат дека имаат мислења од науката. Сега фингираат со реформата во образованието дека они го имаат став на МНАНУ, МАНУ си го кажа тој став тој воопшто не кореспондира со ставот на Министерството. Но тие и понатаму продолжуваат јавноста со тие полувистини да ја замајуваат. Ова е тој синдром кој ако продолжи вака да најнеспобните кадри бидат на највисоките места на одлучувања Македонија е во опасност да се обезличи да не биде современа држава во вистинска смисла на зборот , истакна Ќулавкова

Најнови вести