Некој од моите приоритети се внатре во ВМРО-ДПМНЕ да работам на проширување на отвореноста и инклузивноста за соработката со граѓанското општество. Би сакал да се покрене Македонија во исправна насока каде што инклузивноста и доброто владеење ќе станат нормални работи, истакна членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Сашо Клековски во вечерашното гостување во Тема на денот во Централниот Дневник на Телевизија Сител.
„Фундаменталниот проблем е тоа што внатре во Владата министерот за правда Бојан Маричиќ од кое министерство излезе законот за граѓанска одговорност што го поднесе законот со европско знаменце а токму тој беше против употребата на европското знаменце“, посочи Клековски.
Клековски запраша дали СДСМ е во насока на движење каде се маргинализира Собранието, маргинализира опозицијата и каде што се ставаат знаменца на ЕУ и со тоа се скратува дискусијата на сите можни закони?
„Проблемот за законот за негативно мислење е малце по фундаментален бидејќи овој закон беше со европско знаменце, што претставува скратени рокови за дискусија и опозицијата е скратена за дебата за промена на нештата“, заклучи Клековски.