Во вечерашното гостување во Тема на денот во Централниот Дневник, гостуваше членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Сашо Клековски, тој истакна дека декларацијата за Гоце Делчев е програма за одбележување на Гоце Делчев и на други значајни личности бидејќи Собранието не си ја врши работата.
– Документот за декларацијата за Гоце Делчев кој го има поднесено ВМРО-ДПМНЕ е во основа на програма за одбележување на 150 годишнината на Гоце Делчев. Декларацијата е програма за одбележување на значајни личности и настани затоа што Собранието не си ја врши работата, истакна Клековски.
Тој додаде дека поднесената декларација за Гоце Делчев е поради нефункционирањето на комисијата за култура на Собранието која уште минатата година потребно беше да донесе програма за одбележување на 150 годишнината од раѓањето на Гоце Делчев. Од 2018 година колку што имам информации не се носи програма за одбележување на значајни личности и настани од страна на собраниската комисија за култура.
– Изјавата на Радев не е симболичен проблем туку е фундаментален проблем, бидејќи со тоа демонстрира дека Бугарија сака да го постигне тоа што Грција го постигна со Преспанскиот договор, односно однапред да добие сѐ а да не понуди ништо, заклучи Клековски.