понеделник, 18. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Клековски: Го знам Кастриот Реџепи над 20 години и сум изненаден што остава простор да се сомневаме во искреноста на неговиот став

Клековски: Го знам Кастриот Реџепи над 20 години и сум изненаден што остава простор да се сомневаме во искреноста на неговиот став

Не може да се стави еднаквост на излегувањето на Беса од владата и денешното исчезнување, па појавување на пратеникот Кастриот Реџепи. Арјанит Хоџа кога го промени својот став од поддршка на владата во неподдршка, излезе во јавност и ги бранеше своите ставови и не се плашеше од закани, а би требало да се плаши од закани од власта оти власта ги има инструментите за репресија, нив ги нема опозицијата, изјави аналитичарот Сашо Клековски за „Вин Вин“ на Телма.

Тој рече дека факт е дека пратеникот Кастриот Реџепи исчезна и дека пред само неколку дена се потпиша на поддршката за иницијативата.

-Не знам што се случи во овие неколку дена до денеска. Сите знаеме дека се збори за откочување преговорите со Бугарија и можен датум во декември, но тоа не е во овие два дена, тоа е познато подолг период. Не можам да прифатам дека тоа е валиден аргумент, бидејќи тоа и пред 5 дена се знаело, овие 5 дена не сме добиле нови информации. А и да е така редот е да се излезе во јавност и да се брани твој став, рече тој.

Тој додаде дека Кастриот Реџепи го знае над 20 години и дека е непријатно изненаден што остава простор да се сомневаме во доблесноста и во искреноста на овој став.

Најнови вести