среда, 27. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Клековски: Повторувањето на процесот поврзан со 27 април се поклопува со немањето доверба во правосудството

Клековски: Повторувањето на процесот поврзан со 27 април се поклопува со немањето доверба во правосудството

Сашо Клековски, аналитичар во своето гостување во емисијата „Топ Тема“ зборуваше за случајот од 27 април и посочи дека во целиот овој случај има луѓе кои учествуваа во овој процес и тие излегоа наградени односно беа амнестирани затоа што соработуваа со власта.

-Во врска со случајот 27 Април ВМРО-ДПМНЕ одржува постојано перцепција дека станува збор за бранење на Уставот од насила изборот на претседателот. Гледаме дека многумина што учествуваа во 27 Април заради соработка со власта, не само што излегоа неказнети, туку излегоа наградени од целиот процес, тука мислам на амнестираните. И дополнително што мислам дека во ВМРО-ДПМНЕ станува јасно дека всушност дека најодговорните за 27 Април никогаш нема да бидат дознаени и нема да одговарат, туку одговарат луѓе кои имаа помала одговорност од некои други, рече Клековски.

Во текот на своето гостување Клековски во врска со тоа што од ВМРО-ДПМНЕ бараат повторување односно отварање на целиот процес поврзан со 27 Арил се поклопува со тоа што станува голем проблем во општеството, а тоа е немањето доверба во правосудството.

Повторување на процесот се поклопува со она кое станува голем проблем во нашето општество е дека многумина немаат доверба во нашето правосудство односно веруваат дека тоа функционира под политички диктат на власта, додаде Клековски.

Најнови вести