четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Клековски: Резолуција е под итно потребна за да се исцртаат црвените линии до кај власта може да преговара во спорот со Бугарија

Клековски: Резолуција е под итно потребна за да се исцртаат црвените линии до кај власта може да преговара во спорот со Бугарија

„Мислам дека една резолуција во Собранието ќе ја стави црвената линија до кај било која власт, не само власта на СДСМ туку и власт на ВМРО-ДПМНЕ смее да преговара. Од друга страна со декларација во Бугарија, декларација во Скопје може да стане јасно дека ние го смрзнуваме судирот со Бугарија. Како и да е важно е една општествена расправа за до каде е нашата спремност за компромис со Бугарија“, истакна Сашо Клековски, политички аналитичар за вестите на телевизија Сител.

Клековски додаде дека ако СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека националниот интерес им е над се, тоа треба да демонстрира способност да се надминат теснопартиските интереси и овој спор за заштита на македонските анционални интереси. Примарната одговорност ја има власта.

„Власта е таа што ја има моќта, значи Владата на СДСМ како сакате кажете е таа што треба да организира и поттикне политички дијалог за градење на едни заеднички позиции“, нагласи Клековски.

Најнови вести