петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Клековски: Власта е неспособна да процени кој може да побегне и сега ги притвораат сите

Клековски: Власта е неспособна да процени кој може да побегне и сега ги притвораат сите

Повторно се враќаме до неспособноста, наместо да се прават индивидуални проценки се оди на колективно казнување на сите, вели политичкиот аналитичар Сашо Клековски во денешното гостување во Топ тема на ваша страна.

Според него власта е неспособна да процени кој може да избега од обвинетите за кои се водат постапки од Специјалното јавно обвинителство и затоа оди на колективна постапка сите да ги притвори за на тој начин да обезбеди правдата, додавајќи дека бегството на поранешниот премиер Никола Груевски предизвикало хаос во системот и власта се обидувала да ја санира штета преку правење на штети по луѓе кои не планирале да избегат.

-Ако сега во паника се одлучува да се притвораат луѓе за кои нема индиции дека планираат бегство, тогаш имаме повторно една колективна постапка, еве сега сите ќе ги ставиме во притвор и никој нема да избега без да се покаже способност да се процени, смета Клековски.

Имено, пред една недела откако јавноста побара оставка од владата на Заев и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски поради нивната неспособност и непрофесионалност во вршење на својата работа, како и поради големиот број на шпекулации дека тие знаеле за бегството на Груевски, судот одлучи да ги притворат Миле Јанакиески и Кирил Божиновски.

Според информациите кои ги пренесуваа дел од медиумите Јанакиески и Божиновски редовно се појавувале во судот на сите рочишта до сега како што ги почитувале и мерките на претпазливост односно редовно јавување во судот.

Најнови вести