Клиниката Жан Митрев останува со старата сопственичка структура. Завршните преговори за влегување на стратешкиот партнер Холандскиот фонд Balkan Alliance Healthcare не завршија со конечен договор.
-Остануваме посветени на нашата работа во Клиниката Жан Митрев и развивањето на стандардите во приватното здравството. Нашиот приоритет остануваат нашите пациенти и инвестициите во овој домен нема да се намалат. По 23 години успешно опстојување ја продолжуваме мисијата за воведување повисоки стандарди во здравствените услуги во земјава. И покрај потешкотиите што ги имаме поради блокираната сметка продолжуваме и понатаму да инвестираме и да се развиваме. Во моментов менаџментот на Клиниката не води преговори со други заинтересирани компании, велат од клиниката.