Коалицијата Менуваме ги повикува лицата со попреченост, родители на деца со попреченост и засегнати страни да го искористат правото на повластен превоз-годишен билет во Скопје.
-Ова е среќна седмица за нас, за сите вас кои се вклучивте и ќе се вклучите на нашата заложба за заедно да бидеме носители и борци за почитување на попреченоста-личноста за пристапен јавен превоз благодарение на Град Скопје кој ни го овозможуваат преку повластен превоз-годишен билет за лицата со поореченост, наведуваат од Коалицијата Менуваме.
Иразуваат благодарност до Град Скопје и до медиумите за поддршката на нивното барање за непречен бесплатен пристап до јавниот превоз со доделување повластен превоз-годишни билети.
-Лицата со попречност кој живеат на територија на Град Скопје треба да се пријават да си го остварат правото на повластен превоз-годишен билет од 14.12.2022 до 19.12.2022 до 17:00 часот. Лицата со попреченост кои имаат остварено право на повластен превоз-годишен билет потребно е да се обратат до Коалицијата Менуваме преку порака на Fan page или да пишат на е-пошта [email protected] со следните информации: име и презиме, матичен број, години на старост, адреса, општина, вид на билет, се цели во соопштението. Истиот начин за пријавуцвање важи и за нови корисниците за повластен превоз-годишен билет.
Потребните документи треба да се скенирани или сликани со телефон, а вклучуваат: наод од валидна институција (не се признава наод од приватна институција), лична карта, и документ за статус (пензионер, ученик, вработен , невработен). Условите за стекнување на правото на повластен превоз-годишен билет важат за сите категори на попречености. (МИА)