петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Коалицијата МЕНУВАМE најави марш од Влада до Собрание: „Биди херој, излези и избори се за достоинствен живот“

Коалицијата МЕНУВАМE најави марш од Влада до Собрание: „Биди херој, излези и избори се за достоинствен живот“

На ден 09.08.2021-ва година, во  19 часот, коалицијата МЕНУВАМE започнува марш од пред Влада, па до Собранието на Македонија под мотото: „БИДИ ХЕРОЈ, ИЗЛЕЗИ И ИЗБОРИ СЕ ЗА ДОСТОИНСТВЕН ЖИВОТ“.

-Со овој  настан бараме поддршка од вас за  остварување на правата на еднаквост, достоинствен живот и активно вклучување во целокупниот економски, културен, општествен живот на лицата со попреченост. Нам овие права ни се гарантирани согласно сите меѓународни конвенции и Уставот, меѓутоа поради невидливост во системот, остварувањето на овие права не е прилагодено на нашите потреби и можности, како лица со попреченост.Се н адеваме на поголема инволвираност од Ваша страна како систем,  бидејки според сите Конвенции, ЕКЧП, прашањето на попреченоста е и политичко прашање, велат од коалицијата.

Тие обелоденуваат дека после одржаната средба во Владата, претставниците од Владата побарале  тие да издвојат три приоритетни барања.

Нивното соопштение  каде ги откриваат своите барања, погледнете го во продолжение:

1 БАРАЊЕ

Покачување на додаток на попреченост од 7.100 на 12.000 денари.

1.1 Посебниот детски додаток да се покачи од 5.100 на 10.000 денари.

1.2   Додатоците  да се изедначат  со минималната плата во Државата во следниве 2(две) Години.

2 БАРАЊЕ

Симнување на границата од 26 на 18 години.

3 БАРАЊЕ

Регистар за  лица со попреченост, дневни центри и центри за рехабилитација.

ЦЕНИМЕ, СЕГА И ВЕДНАШ!!!

Македонија ја има ратификувана конвенцијата на правата на лицата со попреченост на ОН во 2011 година, по што е должна да ги оствари преземените обврски за гарантирање на правата на лицата со попреченост

1-Гарантирање на соодветен стандард на живот за лицата со попреченост

Комитетот при ООН за правата на лицата со хендикеп по основ на имплементација  на член 28, став 45  посочува  со цел да се  гарантира соодветен животен  стандард на  лицата со попреченост, преку компензации во форма на паричен додаток кој би овозможил лицата со попреченост да можат да  ги покријат трошоците поврзани со попреченоста:  државата да ги укине одредбите за лицата со попреченост кои според возраста ги квалификува да пристапат до социјални бенефиции, да алоцира одредени парични додатоци и надоместоци за децата со попреченост: да обезбеди итна  материјална помош за биолошките и згрижувачките семејства, како и препораките од член 19 став 32,  да усвои мерки преку кои ќе се осигура дека лицата со попреченост имаат законско право на доволен личен буџет за независно живеење, да ги земе во предвид дополнителните трошоци кои се однесуваат на попреченоста…Од овие причини, бараме зголемување на износот на СИТЕ ДОДАТОЦИ ПО ОСНОВ НА ПОПРЕЧЕНОСТ КАКО И ПОСЕБНИОТ ДЕТСКИ ДОДАТОК.   Истовремено,   да им се овозможи  можност да ги покријат трошоците кои се поврзани со попреченоста (вклучувајќи и  не ограничувајки се на лекови, суплементи, физикална терапија, сензорни соби, помошни помагала и слично, соодветно на состојбата и возраста на лицето), а и да можат активно да бидат вклучени во целокупниот општествен живот (што вклучува транспорт, влезници/котизации, финансиска можност за негување на интереси и хобија).

ВРЕМЕ Е…

БИДИ ХЕРОЈ, ИЗЛЕЗИ И  ИЗБОРИ СЕ  ЗА ДОСТОИНСТВЕН ЖИВОТ

Со почит, КОАЛИЦИЈА МЕНУВАМE

Најнови вести