четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Коалицискиот партнер на Заев, Трајанов: Неспорен факт е дека криминалот ја јаде државата!

Коалицискиот партнер на Заев, Трајанов: Неспорен факт е дека криминалот ја јаде државата!

Павле Трајанов, претседател на Демократскиот сојуз и коалициски партнер на владејачката СДСМ, во вечерашното гостување во емисијата „Што не е јасно“, на телевизија Алфа, вели дека парламентарно мнозинство на некој начин е климаво односно како што рече тој ако се задржи кохезијата во ДУИ тогаш владата е стабилна, но ако не, тогаш се отвора прашањето за пад на владата.

-Ако се задржи кохезијата внатре во ДУИ, Владата е стабилна, ако не се задржи тогаш ќе се отвори прашањето околу пад на влада и да се отвори простор на нови парламентарни избори, вели тој.

Во однос на криминалот и корупцијата, Трајанов призна дека криминалот ја јаде државата и сето тоа е неспорен факт. Две клучни прашања се битни во Македонија.

-Прво силна партизација и политизација, значи сме за целосна демонтажа на овој партиски систем во Македонија. И втора работа високата корупција и криминализација на државата, тоа е неспорно, криминалот полека ја јаде државата, изјави Трајанов.

Најнови вести