На 18.11.2019 година, ќе се организира протест на кофинансираните приватни специјализанти пред просториите на Министерството за здравство.
Тие ги објавија причините поради кои излегуваат на протест, а нивното соопштение го пренесуваме во целост:
Нашите кофинансирани приватни специјализации не се вклопуваат во законот за здравствена заштита, бидејќи содржат елементи и од приватни и од државни и не се целосно дефинирани.
- Договорот за вработување во клиниката на неопределено време после завршување на специјализација има огромна правна празнина и можност за слободна интерпретација, така што после завршување на специјализација немаме загарантирано работно место.
(Почитувањето, односно непочитувањето на договорот од страна на Јавните здравствени установи за трансформација на работниот однос од определено на неопределено време по завршувањето на специјализацијата сеуште претставува проблем, со тоа што, млади доктори кофинансирани кои се завршени специјалисти добиваат плата во висина на една просечна плата на ниво на Р.С. Македонија)
- И покрај тоа што земаме пониска плата од нашите колеги кои немаат никаква обврска кон државата (ниту да работат во одредена институција, ниту да враќаат енормни суми на државата), плаќаме одреден дел од нашата партиципација за специјализација сами и годините што треба да ги одработиме за установата се исти како и државните специјализанти, финансиите што треба да ги вратиме се повисоки од тие на државните специјализанти кои се во однос 1:2 а ние кофинансираните сеуште остануваме со однос 1:5 (5 пати повисоки од износот кој што е кофинансиран) доколку би се откажале од истата(беше направен обид за корегираање на одност 1:5 во 1:2 со отварање на ЗЗЗ по скратена постапка на 24.07.2019 за кофинансираните специјализанти но, неуспешно и не се спроведува) Тоа е огромна празнина во законот и крајно нефер обврзувачки договор.
- Висината на нашата плата изнесува колку една просечната плата на ниво на Р.С. Македонија која е пониска од платата на државен специјализант во иста ‘’ЈЗУ’’ кој е со иста ангажираност, исти услови, ист обврзувачки договор како и кофинансираниот. (со што нас како група кофинансирани специјализанти не не опфаќа никакво покачување на плата за лекари специјализанти предвидено со закон)
Очигледно овој пилот проект на кофинансирана специјализација има суштински проблеми кои треба детално да се разгледаат. Бараме трансформација на работнит однос од определено во неопределено, и прецизно дефинирање и усогласување на решенијата за горе наведените проблеми во најкраток можен рок.
Протестот ќе се одржи во периодот од 10-12 часот, со што во 10:30 ќе биде дадена изјава пред медиуми.