понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Кога би можело да има избори ако утре се самораспушти Собранието, а власта одбие да даде Пржинска влада?

Кога би можело да има избори ако утре се самораспушти Собранието, а власта одбие да даде Пржинска влада?

Треба да има Пржинска влада, не треба, колкав е рокот? Можно ли е да има релевантни парламентарни избори ако се организираат предвремени избори без техничка влада, или техничка влада со помал рок? – на ваквата дилема на јавноста одговори и претседателот на Државната изборна комисија Оливер Деркоски, во интервју за „Без Цензура“ на Инфомакс.мк

Како претседател на ДИК ова не можам да го коментирам, но она што можам да го кажам, да апелирам до сите да ги почитуваат законите, затоа што се друго и непочитување на законите ќе не внесе во нова политичка криза, вели Деркоски, и додава дека политичарите мора да сфатат дека мора да се почитуваат прописите бидејќи во спротивно ќе се случи нова политичка криза.

„На ДИК ни требаат минимум 52 дена, со скратени рокови како што предвидуваат законите, за да ги организираме евентуалните предвремени избори а со цел да ги подготвивме сите дејствија согласно роковникот утврден во изборниот законик, со цел да се стигне навреме да се стигне да се заврши секое дејствије предвидено во истиот. Значи 52 дена е минимумот кој што може да ги задоволи барањата за еден нормален изборен процес со скратени рокови“ – објаснува претседателот на ДИК Оливер Деркоски во „Без Цензура“ на Инфомакс.мк.

Ова, би значело дека доколку Собранието се самораспушти идната недела, прв слободен датум би бил 9.декември, но останува отворено прашањето за тоа дали ќе се формира Пржинска влада со целосен мандат од 100 дена, кој власта избегнува да го испочитува.

Најнови вести