Поранешниот градоначалник на Гази Баба, Тони Трајковски синоќа кога бил нападнат од две непознати лица се шетал заедно со поранешниот градоначалник на Скопје, Коце Трајановски.
Трајановски за Алсат потврдил дека бил со Трајковски, но не ги видел напаѓачите. Денеска не можел да даде детали околу случката.
Нападот врз Трајковски го одложи денешното рочиште за случајот ТНТ, бидејќи тој не беше во состојба на дојде на денешното судење.
Трајковски до судот доставил документација според која синоќа бил претепан и пренесен во Ургентниот центар во Скопје. До редакцијата на КУРИР пристигнаа фотографии од нанесените повреди на поранешниот градоначалник на Гази Баба.
Потресните фотографии од насилството врз Трајковски се само доказ дека никој во оваа земја не се чувствува безбеден.