недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Кој си ја има мувата на капата? Јанева со адвокат дава исказ како сведок

Кој си ја има мувата на капата? Јанева со адвокат дава исказ како сведок

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева на распит во Јавното обвинителство се појави со адвокат.

Јанева е придружувана од адвокатот Стеван Павлески, а ако е познато дека таа е повикана како сведок во Обвинителството, а не како осомничено лице нејасно е зошто на обвинителката и е потребна правна помош.

Јавноста коментира дека Јанева како правник ги знае процедурите и доколку навистина има желба да помогне во истрагата за случајот „Рекет“ треба целосно да соработува.

– Јас сум се уште специјален обвинител. Моите колеги имаат целосно овластување да ги застапуваат предметите пред суд. Се надевам дека ќе имаме повеќе разрешници оваа есен. Што се однесува до мојата изјава денеска се надевам дека со моите аргументи и мојата изјава ќе ја забрзам изјавата, рече Јанева пред да влезе на распит во Обвинителството.

Инаку, во СЈО не беше дозволено присуство на адвокат кога некое лице било повикано во својство на сведок. Во безброј наврати досега адвокатите биле враќани назад со објаснување дека повиканото лице не е осомничено во одреден случај и нема потреба од присуство на адвокат.

Најнови вести