Колабира здравствениот систем во Свети Николе. После разрешувањето на раководителот на ФЗОМ – подрачна служба Свети Николе и по 30 дена не само што не е поставен нов раководител, туку нема одредено времен потписник.
Токму од тие причини осигурениците се оставени на немилост и не можат да ги остварат своите права бидејќи нема кој да им ги потпише решенијата за продолжено болничко лекување, регулација за платени средства за лекови како и ослободување од плаќање партиципација.
Оваа вест од Свети Николе доаѓа откако вчера дел од медиумите пренесоа дека матичните лекари од овој град остануваат без медицински сестри. Средно медицинскиот кадар од овој град си заминува или во странство или во јавното здравство, алармираат од Здружението на приватни лекари. Докторите и прегледувале пациенти и печателе рецепти и аплицирале инјекции.
-Претходно заминале 2 медицински сестри, а сега 2 ќе одат во Германија и 5 од примарното си заминуваат во јавното здравство, нормално заради финансиски причини. Значи алармантна е состојбата со медицински сестри во Свети Николе, изјави д-р Лилија Чолакова Дервишова, претседател на ЗПЛРМ за Сител телевизија.