четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Колариќ до Шилегов: Наместо ветеринар или бизнис менаџер ставивте лице за обезбедување за директор на зоолошката градина

Колариќ до Шилегов: Наместо ветеринар или бизнис менаџер ставивте лице за обезбедување за директор на зоолошката градина

Советникот на ВМРО-ДПМНЕ Светлана Колариќ до градоначалникот Шилегов на седницата на совет на градот Скопје посочи дека врвот на непрофесионалното работење е постигнато со ставањето на лице кое е познато како обезбедувач по дискотеки за директор на зоолошката градина.

-Новините кои таму се случуваат се добри, како и набавка на нови слонови, но кој ќе раководи со нив, наместо ветеринар човек како Горѓи Гелетановски Чомбе кој важи за обезбедувач и менаџер на дискотеки, истакна Колариќ.
-Сакаме да ја потсетиме јавноста дека носењето на овие два слона е кулминација на повеќегодишно планирање и инвестирање на ова поле, кое финишираше со изградбата на ново живеалиште за слонови, кое е започнато и во најголем дел изградено во мандатот на минатиот градоначалник Трајановски, беше истакнато од советниците на ВМРО-ДПМНЕ.

-Имено, станува збор за проект кој се доби живеалиште за слон се состои од внатрешен и од надворешен дел, кои е поделен на два дела за два слона, а за чија изградба беа издвоени 26 милиони денари.
Ова живеалиште, чија изградба започна во 2015 година, се изгради на парцела со површина од 3.200 метри квадратни, а во него се изгради и објект со површина од 400 метри квадратни. Со изградбата на ова живеалиште, се создадоа услови за набавка на слонови во Зоолошката градина во Скопје по повеќе од 25 години.

Најнови вести