Откако пред пет дена „А1он“ објави дека мајката на Стефан Богоев ќе гради хотел кај Беровското Езеро, преку слободен пристап до информации од јавен карактер го обезбедивме и имотот кој ексградоначалникот и пратеник го пријавувал во неговиот анкетен лист во Антикорупциска во периодот додека бил пратеник и градоначалник и по завршувањето на функциите. Во анкетните листови е наведен неговиот личен имот, а во дел од нив и имот на неговите родители, во време додека живее во иста заедница.
Претходно, Богоев во изјава за „А1он“ рече дека семејството, сепак, не е финансиски моќно за да влезе во таква инвестиција, потенцирајќи дека за изградбата на хотелот ќе биде неопходно подигнување кредит. Притоа, отфрлајќи дека тој на каков било начин учествува во оваа инвестиција.
Целиот текст прочитајте го на а1он.мк